Повеќе од 30 години на пазарот
Хемпро е локална семеjна компанија, основана уште во 1992 која се занимава со трговија на мало со семе, ѓубрива и средства за заштита на растенијата од водечки светски компании од земјоделскиот сектор. Периодот кој е зад нас е само потврда за искуството и посветеноста во работата
Добре дојдовте
Неколку зборови за нас...
Тимот агроном и хемиски инженер, е посветен на обезбедување на професионална и навремена услуга како и препораки за правилна примена на ѓубрива и пестициди – хербициди, фунгициди и инсектициди.
Во рамки на сопствената земјоделска аптека им нудиме на нашите клиенти експертиза и советодавни услуги од областа на исхраната и заштитата на растенијата што им се повеќе од потребни за да успеат во земјоделското производство и агробизнисот.
Анализата на примероците на почвата се основа за изградба на добар план за производство земјоделски култури, така што ова се првите компоненти на планот на кој се фокусираме. Работејќи со фармата, собираме информации за планот на ротација на културите, управување со штетници и болести, употреба на ѓубрива и тековни потреби и можности. Резултатот е план што ги вклучува нашите независни препораки засновани на специфичните потреби на фармата.
Нашите совети денес им помагаат на повеќе од 100 активни клиенти (индивидуални производители и фирми) да ги одржат нивните култури здрави и безбедни преку:
- Подобрен квалитет и зголем принос на земјоделските култури преку избор на најсоодветните сорти, како и планирање на оптималните датуми за берба односно жетва
- Оптимална употреба на хранливи материи преку агрохемиска анализа на почвата преку соодветна препорака за ѓубрење со тоа што ќе Ви помогнеме да идентификувате каде и колку да аплицирате за максимален раст и принос, а истовремено да го минимизирате трошокот за ѓубрива.
- Подобра контрола на штетниците со тоа што ќе Ви помогне да развиете соодветна стратегија за заштита преку интегрираното управување со штетници (ИПМ) како метод за контрола




