Skip to content
Хемпро
  • Почетна
  • За нас
  • Производи
  • Галерија
  • Блог
  • Контакт
  • Е- Продавница
    Е- Продавница
  • Барај

Барај

Архива

Категории

  • No categories

Контакт информации

  • Босилово 88, 2431 Босилово, Македонија
  • +389 71 239 719
  • info@hempro.mk

Мени

  • За нас
  • Производи
  • Галерија
  • Блог
  • Контакт
  • Е-продавница
Hempro

7 months ago

Hempro
Употребата на гранулираниот Тарман леонардит самостојно, или како мешавина со други ѓубрива или тресет, придонесува значително да се подобри плодноста на почвата, односно субстратот, водејќи до посилни и поздрави растенија.Начинот на кој тоа го постигнува е преку неколку клучни механизми:✅ Подобрување на структуратаЛеонардитот содржи високи нивоа на хумински и фулвични киселини, кои помагаат да се подобри структурата на почвата или субстратот. Ова води до подобра аерација, што придонесува за оптимален раст на корените✅ Зголемување на достапноста на хранливите материиХуминските киселини во леонардитот хелатираат хранливи материи, правејќи ги по достапни за растенијата. Овој процес ја оптимизира апсорпцијата на хранливи материи, осигурувајќи дека есенцијалните минерали се достапни за растот на растенијата✅ Се регулира pH вредноста на почвата се намалува засоленостаСпособноста да го зголемува капацитетот за размена во почвата овозможува почвата подобро да ги задржи есенцијалните хранливи материи додека истовремено се намалува засоленоста✅ Оптимизирано користење на водатаПомага во управувањето со задржувањето на водата, овозможувајќи почвата да задржи влага за време на суви периоди, додека истовремено овозможува одводнување за време на влажни услови. Оваа рамнотежа е клучна за одржување здрав раст на растенијата✅ Долготрајни ефектиЗа разлика од традиционалните ѓубрива кои можат брзо да се исцрпат, леонардитот обезбедува долгорочни бенефити. Тој се разградува бавно, осигурувајќи постојано ослободување на хранливи материи✅ Зголемена отпорностРастенијата што се одгледуваат со леонардит покажуваат поголема отпорност на болести и еколошки стресори, како што се екстремни температури, што ја зголемува вкупната продуктивност и квалитетот на културите✅ Поддршка на корисни микроорганизмиЛеонардитот промовира развој на корисни микроорганизми во почвата. Овие микроорганизми играат клучна улога во циклусот на хранливи материи и разградувањето на органската материја, дополнително подобрувајќи ја плодноста#tarman #humicacid #Leonardit ... See MoreSee Less

Video

View on Facebook
· Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on Linked In Share by Email

Hempro

1 years ago

Hempro
🌿 TARMAN Humic Acid Force Plus HF-15 🌿Ослободете го целосниот потенцијал на Вашите почви со нашето најново органско решение. Искусете ја трансформативната моќ на хуминските киселини и гледајте како вашите растенија напредуваат!• Подобрена структура на почвата: хуминските киселини ја подобруваат аерацијата на почвата, задржувањето на водата и достапноста на хранливи материи• Енергичен раст на растенијата: уверете се во силниот раст на коренот и живописното зеленило на лисјата, бидејќи ја стимулира виталноста на растенијата• Одржливо земјоделство: прифатете ги еколошките практики со најдоброто природно ѓубриво и подобрувач на почва - TARMAN Humic Acid Force Plus HF-15🌱 Одгледувајте органски🌱#tarman #humicacid #organicgardening #SustainableFarming ... See MoreSee Less

Message Page

Photo

View on Facebook
· Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on Linked In Share by Email

Hempro

3 years ago

Hempro
Еден од најважните индикатори за квалитетот на почвите е содржината на органска материја во неа🌱Органската материја во почвата функционира на тој начин што привлекува позитивно наелектризирани јони и хранливи материи.Колкаво количество на катјони ќе се атсорбира, зависи пред сè од составот на самата почва. Почвите кои содржат повеќе органска материја и глина имаат и поголем капацитет на апсорпција🤎Атсорбираните катјони во почвениот атсорптивен комплекс се од големо значење за исхраната на растенијата. Со атсорпцијата се спречува измивање на хранливите материи од почвата. Се смета дека кореновите влакненца директно ги користат хранливите материи од почвениот атсорптивен комплекс преку размена на јони🔬Исто така, доколку почвата нема способност да се спротивставува на промените на реакцијата (пуферност), тогаш се намалува и достапноста на хранливи материи а тоа ќе има негативно влијание врз растот и развојот на растенијата🌱 Пуферноста на почвата е резултат на присуството на атсорбираните јони, што значи дека тие ја регулираат и реакцијата на почвата, како и самата пуферноста🧪 Најчесто, за да се зголеми продуктивната способност на почвите, потребно е збогатување со органска материја преку додавање на органски ѓубрива.➡ Леонардитот, за разлика од другите извори органски материи, покрај тоа што ја подобрува плодноста на почвата, го засилува и порастот на растенијата (создавање на биомаса).➡ Делува како биокатализатор, регенератор на почвата и биостимулатор на растенијата. ➡ Поради неговата специфична молекуларна структура, леонардитот е пет пати повеќе биоактивен за разлика од другите органски извори на хумусна киселина. ➡ Долгорочните ефекти на леонардитот се само уште една придобивка. ➡ Има поголема содржина на органска материја, која во споредба со други органски ѓубрива се разградува многу побавно🛡 ... See MoreSee Less

Message Page

Photo

View on Facebook
· Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on Linked In Share by Email

Hempro

4 years ago

Hempro
Одредувањето на реакцијата или pH вредноста на почвата е од многу големо значење, бидејќи од овој параметар битно влијае растот и развојот на растенијата. pH реакцијата е променлива вредност која во голема мера е предодредена од специфичното геолошко потекло на почвата, типот на вегетацијата, 🌧️врнежите, типот на ѓубривата кои се користат и слично.Различните кулури имаат различни потреби од оптимален опсег на pH, па затоа онаму каде што има несоодветен опсег, огромни се шансите дека на растението ќе му биде тешко да ги усвојува дадените хранливи материи. На пример, при pH вредност поголема од 7,5 – достапноста на фосфорот како елемент ќе биде многу ограничена.Додавањето на хумусни киселини добиени од леонардит, како најефикасни природни биостимуланти и подобрувачи на почва, помага да се неутрализира реакцијата (pH вредноста) на киселите и на алкалните почви. Штом почвата се неутрализира, најголем дел од хранливите материи од почвените минерали (кои се врзани и недостапни), или внесените вештачки или органски ѓубрива - стануваат пристапни за кореновиот систем и со тоа се зголемува нивниот ефект.Течните хумусни и фулвински киселини TARMAN FORCE PLUS® освен тоа што ја зголемуваат достапноста на хранливите елементи, допринесуваат и за зголемен раст на коренот што доведува до уште поголем внос на хранливи материи.Со употреба на течните хумусни и фулвински киселини TARMAN FORCE PLUS®, на природен начин се подобруваат и сите процеси во самото растение што резултира со отпорност на самите растенија, зголемен принос и квалитет на 🍅плодовите.Се употребува во текот на целата вегетација, кај сите видови 🌱култури со 💧фертиригација во доза до 2 литри/декар.✅ Премиум квалитет🛢️Пакување од 10L и 20L.🇲🇰 Испорака по градови🔖Цена: 150 ден/литарПроизводот може да се порача преку интернет💳 на : bit.ly/3tTZlSF или директно на телефон📱071/239-719 ... See MoreSee Less

Photo

View on Facebook
· Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on Linked In Share by Email

Hempro

5 years ago

Hempro
Прекумерната употреба на вештачки ѓубрива може да предизвика долгорочни проблеми, како за животната средина♻️, така и за растенијата бидејќи вишокот на соли во почвата го блокираат растот на растението.Ова може да претставува особено голем проблем во заштитен (покриен) простор како оранжерии и пластеници или во сушни региони каде малите количини на врнежи🌧 не се доволни да ги измијат акумулираните минерални јони од површинските слоеви.Кога вишок минерали се присутни во почвата, се вели дека почвата е засолена a растот и развојот на растенијата може да биде ограничен, ако тие достигнуваат ниво што ја смалува достапноста на водата и хранливите материи.Една од придобивките од употреба на органското ѓубриво и подобрувач на почва - леонардит, е неговата способност да ја намали засоленоста на почвата. Самиот леонардит претставува природно оксидиран лигнит, кој се карактеризира со висок процент на хумусни киселини.Применет преку почвата, освен директното стимулирање на растот и развојот на растенијата🌱 и зголемување на квалитетот и приносите🥇, ги има и следните бенефити: ✅Се зголемува содржината на органските материи во почвата ✅Се зголемува капацитетот за измена на катјони на почвата (СЕС) со што обезбедува растенијата полесно да ги усвојуваат неопходните хранливи материи од почвата ✅Се регулира pH вредноста на почвата во неутрален опсег ✅Се подобрува структурата и аерацијата и се зголемува почвениот капацитет за задржување на вода ✅Се стимулира ‘ртењето на семињата ✅Зголемена отпорност на растенијата кон стрес факториПовеќе информации на ➡️ hempro.mk/proizvodi/#fernetitarman #Leonardit #humic #fertilizer #soilconditioner #organic #hempro ... See MoreSee Less

Photo

View on Facebook
· Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on Linked In Share by Email

Интегритет, традиција, знаење
Сите права задржани © 2025 Хемпро
Facebook-f Twitter Linkedin-in
Нашиот сајт користи колачиња (cookies). Со продолжување на користење на сајтот или кликнување на “Се согласувам” се согласувате со користењето на колачињата