TARMAN LEONARDIT-ОРГАНСКО ЃУБРИВО И ПОДОБРУВАЧ НА ПОЧВА
Леонардитот претставува природно оксидиран лигнит, кој се карактеризира со висок процент на хумусни киселини. Се применува преку почвата, како ѓубриво и подобрувач на почва кај градинарски и индустриски култури, овоштарници и лозови насади и тревници за стимулирање на растот на растенијата и за зголемување на приносот. Може да се употребува самостојно или да се меша со сите видови гранулирани ѓубрива.
СОСТАВ:
Гарантирана содржина : (Маса w/w)
Органска материја : 75%
Вкупно (хуминска и
фулвинска) киселина : 45%
Максимум влага : 20%
рН : 4-6
- Се зголемува содржината на органските материи во почвата
- Се зголемува капацитетот за катјонска размена на почвата (СЕС) со што обезбедува растенијата полесно да ги усвојуваат неопходните хранливи материи од почвата
- Се регулира pH вредноста на почвата во неутрален опсег
- Се подобрува структурата и аерацијата и се зголемува почвениот капацитет за задржување на вода
- Се стимулира ‘ртењето на семињата
- Зголемена отпорност на растенијата кон стрес фактори
Количина на примена: 75-250 кг/декар*, во зависност од одгледуваната култура, типот на почвата и очекуваните ефекти.
*Препораката може да варира во согласност со почвените карактеристики и локалните услови на терен

TARMAN FORCE PLUS – ХУМУСНА КИСЕЛИНА
Хумусната киселина се добива со алкална екстракција од леонардит, кој пак настанува со хемиска и биолошка хумификација на органска материја преку биолошка активност и геолошки процеси.
Состав:
Органска материја : 50%
Хумусна и Фулвинска киселина : 15%
Калиум оксид (K2O) : 2,5%
pH : 8.2-10.2
- Огромно е значењето на хуминските и фулвинските киселини во земјоделското производство. Како природни хелатори тие го регулираат примањето и транспортот на хранливите материи во ткивата на растенијата и го стимулираат развојот на почвените микроогранизми.
- Освен тоа што ја зголемуваат достапноста на хранливите елементи, допринесуваат и за зголемен раст на коренот што доведува до уште поголем внос на хранливи материи
- Со употреба на хумусните и фулвинските киселини на природен начин се подобруваат сите процеси во самото растение што резултира со отпорност на самите растенија, зголемен принос и квалитет на плодовите
Употреба : Фолијарна примена 200- 250 мл/100л. вода; Почвена примена : 1-2 л/декар
